Скандалозната учесничка во „Задруга 3“, Тара Симов, пред околу две недели ги покажа своите симпатии кон македонскиот учесник во шоуто „Задруга3“,Дарко Спејко, најпрвин спиеја заедно, а подоцна и разменуваа нежности пред камерите.
Но, неколку дена подоцна, Тара како да се премисли, па за Спејко изјави дека „неговото однесување е детско, слика без тон“ и со тоа заврши нивната блискост.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/negovoto-odnesuvanje-e-detsko-slika-bez-ton-tara-so-zestoki-navredi-za-spejko-a-toj-odgovori-samo-so-edna-rechenica-video/
За Тара не требаше да помине многу време, за да премине на нов. Уште од нејзиното влегување во „Задруга“ таа ги откри своите симпатии кон некогашниот фудбаер и учесник во шоуто, Матеја Матијевиќ, кој пак во минатото го поврзуваа со нејзината ривалка Алѓела Вештица.
Во зближувањето им помогна „Дрвото на мудроста“ кое им даде тајна задача на Тара и Матеја да ги убедат останатите „задругари“ дека се во врска.
За Тара ова беше лесна задача бидејќи и онака има чувства кон Матијевиќ, па пред сите почнаа да се бакнуваат, но дали и по задачата ќе останат на истото, останува да видиме.