Радио Милева
во шема пред ријалити

Тара Симов и Ша биле љубовници уште пред да влезат во „Задруга 4“: „Имаа секс, откако се видоа на едно ноќно излегување на кое беше и сопругата на раперот Ивана“

Тара Симов и Ша биле љубовници уште пред  да влезат во „Задруга 4“: „Имаа секс, откако се видоа на едно ноќно излегување на кое беше и сопругата на раперот Ивана“

Старлетата Тара Симов и раперот Ненад Алексиќ – Ша прават секојдневно хаос во реалното шоу „Задруга 4“, па нивната врска осцилира од љубов до омраза. Според српските медиуми, овие двајца  започнале љубовна врска уште минатото лето, а Ша сега се плаши дека Тара ќе и ја открие на јавноста, па секој пат откако ќе побегне  се враќа кај неа, за Тара да не го издаде, иако неговата сопруга Ивана веќе му побара развод.

„Ненад и Тара имаа секс кратко време откако се сретнаа за време на едно излегување, каде што беше и неговата сопруга Ивана. Тие знаеја дека ќе се сретнат во „Задруга“ и ќе поминат неколку месеци заедно таму, а сега целиот регион е сведок дека тие се болно заљубени еден во друг. Ова се обидоа да го сокријат од јавноста, но очигледно не им успева. Емоциите не можат да се сокријат“ – открива извор за  српски „Ало“.

Инаку, оваа недела на забавата, 20-годишната Тара и нејзиниот  „пријател“ Ша се скараа заради нејзиното агресивно однесување, по што тој се обиде да избега од имотот скокајќи од покривот, но набрзо се врати и се прикраде во нејзиниот кревет.

„Тара ќе ме уништи! Бегам од неа“ – им рече Алексиќ на задругарите кои го гледаа додека претрчуваше по покривот на шталата, но откако се смири, реши да се врати кај својата драга… „другарка“!

Останати вести од Радио Милева