Српските медиуми објавија видео на кое сопругот на Тања Савиќ, Душан Јованчевиќ се бакнува со некоја непозната девојка.
По тој повод, се огласи и српската пејачка која за блиц.рс истакна дека воопшто не е изненадена.
„Не сум зачудена со таа видео снимка бидејќи очекував дека така ќе се однесува т.е имав информации дека излегува и дека одел во казино…Многу пати го виделе по казината…Ги оставал децата кај баба им, се враќал во 6ч наутро и спиел по цел ден“, вели пејачката и додава:
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/dodeka-tanja-savikj-vodi-bitka-za-decata-nejziniot-soprug-uloven-kako-se-baknuva-so-nepoznata-devojka-foto/
„Мене ми зборуваше друга приказна, дека е гржлив татко, ги води децата на бокс итн. Се тоа го правела нивната баба,ги водеше децата на тренинг и тоа на плус 32 степени и тоа со автобус. Не знам што прави тој човек. Всушност, мене тоа не треба да ме интеренсира. Мене ме интеренсираат децата, кој се грижи за нив, како се“, вели пејачката.
Потсетуваме, Тања со месеци не ги видела нејзините синови кои нејзиниот сопруг без нејзино знаење ги однесе во Австралија.