Српските медиуми неодамна пишуваа дека пејачката Тања Савиќ во текот на летото наводно била во врска со политичар.
Овие гласини започнаа кога во емисијата „Папарацо лов“, водителката Јована Јеремиќ откри екслузива односно изјави дека пејачката имала афера со политичар.
По овие написи, Тања првпат се појави во јавност и ги прокоментира овие шпекулации.
На прашањето дали се точни инфорациите, таа изјави:
„Кога веќе пишувавте за тоа….“ започна Тања, а на прашањето дали е заљубена, порача:
„Не знам дали тоа се гледа? Јас сум само среќна жена“ изјави Савиќ.
Инаку, Тања и претходната година во април се најде во центарот на вниманието кога нејзиниот се уште законски сопруг Душан Јованчевиќ ги зема нејзините деца без нејзино знаење и ги однесе во Австралија. Пејачката ги немаше видено нејзините наследници една година, а пред неколку месеци судот донесе одлука децата да се вратат кај неа во Србија.
фото: принтскрин/инстаграм/тања савиќ/инстаграм/прес србија