Пејачката Тања Савиќ поминува низ тежок период бидејќи повеќе од 3 месеци ги нема видено своите синови кои со сопругот на пејачката се во Австралија.
Имено, поради пандемијата со коронавирусот кој го зафати светот, сопругот на Тања, Душан ги однесе децата во Австралија како што истакна таа поради нивна безбедност.
Меѓутоа, изгледа ситуацијата излезе од контрола, па пејачката освен што не ги виде децата повеќе од 3 месеци, сега поминува низ агонија бидејќи 5 дена не знае ништо за нејзините наследници.
„Moјата најголема љубов. Се правам да ми дојдете во прегратка. Јас сум личност која ја осудува неправдата. И секоја штета не може да помине неказнето. Има 5 дена како не го слушнав нивниот глас. Кога го контактирам семејството сите игнорираат. Каде ќе им оди душата. Ако се обидам повторно да ги контактирам, тие ме блокираат. Не е ни чудно што короната им се случува на луѓето, се отиде во пропаст. Не можам повеќе да молчам. Сите нека знаат што ми се случува“, напиша пејачката на социјалните мрежи покрај фотографија со синовите.
По тој повод таа се огласи за „Информер“ истакнувајќи дека ќе бара развод од сопругот.
„Логично е дека ќе барам развод на бракот. Разбирате дека ништо не сакам да имам со таков човек. Сега се обидувам на сите начини да ги вратам децата во Србија бидејќи немам друг начин да дојдам до нив“ вели Тања и додава:
„На почетокот со децата се гледав преку Вибер. Но, веќе пет дена Душан не ми дозволува да ги слушнам и видам децата. Не можам да верувам дека е толку посесивен и себичен, да мисли дека децата се само негови“ вели Савиќ.
Потсетуваме, во медумите често се појавуваа гласини дека во бракот на пејачката не цветаат ружи и дека наводно се разведува, но таа тоа го коментираше дека не е точно и единствен проблем што го има со Душан е што не може да се договарат каде да живеат, дали во Австралија или Србија