Радио Милева ја чека голема борба

Тања Савиќ конечно очи во очи со сопругот кој претходната година ги однесе децата во Австралија

Тања Савиќ конечно очи во очи со сопругот кој претходната година ги однесе децата во Австралија

Пејачката Тања Савиќ од април претходната година води битка со нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ кој ги зема синовите и замина во Австралија.

Тања оттогаш ги нема видено своите деца. На 19 февруари Тања пред судот ќе се соочи со својот сопруг Душан.

За две недели ја започнува правната борба за наследниците, а како што вели верува дека ќе има правда и дека судот во Австралија ќе и ги врати децата.

фото: инстаграм/ тања савиќ

„Уште малку и ќе го завршиме ова поглавје. Среќна сум, се надавам на добро. Верувам во Господ и во правда“, изјави Тања.

Пејачката веќе се подготвила за пат и едвај чека да ги види децата.

„Сите овие месеци некој и одредуваше кога и колку може да ги слушне децата, тоа е ужасно. Со денови зборува како едвај чека да ги види и да ги гушне. Колку што е поблизу денот, толку е понестрплива. Се грижи за нив. Се распрашуваше дали е правно и е дозволено на 19 февруари да помине време со децата“, вели извор и додава:

фото: инстаграм/ тања савиќ

„Тања за деталите зборуваше со адвокатката, подготвена е за судењето. Собра пари за пат во Австралија. Ни финансиите не се неважни. Нема настапи, трае короната, а за картата и сместувањето не се евтини. Сепак, успеа да се снајде и нејзината желба да ги врати синовите во Србија е поголема од било кој проблем“, тврди изворот.

„Ме чека голема борба, да ги воспитам децата да не бидат како него, да не ги малтретираат своите сопруги….“ изјави Тања.

Потсетуваме, Тања и Душан од бракот имаат два сина, иако во медиумите често се шпекулираше дека имаат проблеми во бракот, пејачката до минатата година ги демантираше овие тврдења.

To top