Во последната година ипол, многу често се пишува за емотивниот живот на пејачката Тања Савиќ.
Имено, откако во април претходната година нејзиниот сопруг Душан Јованчевиќ ги однесе децата во Австралија и не и дозволи да ги види една година, пејачката речиси секој ден е во медиумите.
По една година, нејзините наследници се вратија кај неа во Белград. Во последните неколку недели, се пишуваше дека Тања е во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.
Меѓутоа, таа ги демантираше овие написи во „Инстаграм лајв“.
Сепак, нејзиниот сопруг Душан не престанува да и се заканува.
Имено, тој за „Српски телеграф“ откри дека со Тања заедно се дрогирале, по што правиле експлицитни снимки кои ќе ги објави во јавност.
-Воопшто не ме интеренсира како ме коментира семејството на Драшко. Знам што е вистина, не се плашам од никој и знам што зборувам. Секој има право на свое мислење. На мојата приватна архива и нема крај, а Тања се плаши бидејќи знае се што правевме додека се сакаваме, тоа беше како во филмови за возрасни. Не се во прашање само видеа, јавноста наскоро ќе има прилика да види фотографии на кои Тања се дрогира. Сė имам црно на бело, вели се уште законскиот сопруг на пејачката и открива каде настанале фотографиите кои планира да ги објави.
-Пред хаосот со децата се гледавме во Нови Сад. Во хотел кој го изнајмував, тоа беше стан на еден ден каде се дрогиравме и пиевме. Ќе се сети таа, да и се освежи сеќавањето. Што мислите што ќе се случи кога јавноста ќе види што прави мајка на две деца? На која страна ќе биде законот? Кој е подобар родител?, вели Јованчевиќ.
-Знам јас како и кога да реагирам. Секако, и јас внимавам затоа што каков ќе бидам татко ако тоа го видат децата? Тие се веќе големи, телефоните не ги испуштаат од раце, не сакам да одам толку далеку, но многу сум лут. Можам да правам што ќе посакам бидејќи имам докази, вели Душан.
фото: Инстаграм/тања савиќ/Дамир Дервишагиќ/