Промотер

Тања Јовановска ви ја подарува фолк баладата „Дишам за нас“ (ВИДЕО)

Тања Јовановска ви ја подарува фолк баладата „Дишам за нас“ (ВИДЕО)

Фолк пејачката Тања Јовановска сними спот за нејзината балада насловена “Дишам за нас”, песната која ја изведе на последниот „Фолк фест Роса 2017“. Спотот е сниман на неколку локации во Куманово, во соработка со ИН продукција.

Пејачката истакна дека снимањето помина одлично, спотот е нешто сосема поинакво од она што досега го работела.

„Како самата песна, така и видео записот е нешто поразлично од тоа што досега сум го работела. Се работи за преубава балада. Конечно можам да кажам дека после толку години на естрадата и изведба на новокомпонирана македонска музика, се пронајдов себеси, односно го пронајдов стилот што го сакам“ – ќе изјави Јовановска за ТВ магазинот на ИН продукција.

Музиката и аранжманот се авторско дело на Мите Стоилков, а текстот го напиша Љупчо Василев. Спотот се снимаше во Центарот за култура во Куманово и во ресторанот Палас Гарден. Во видеото покрај Тања се појавува и младата балерина Ива Илиевска.

„Во спотот се појавува и Ива Илиевска, девојче кое  игра во 2 I Dance Sisters Studio” и е една од нашите најдобри балерини во Македонија, пред која  претстои многу светла иднина“ – додава Тања, а ние ви нудиме да го погледнете видеото за „Дишам за нас“ како новогодишен подарок од македонската фолк ѕвезда за сите Вас.

 

To top