Карантинот дефинитивно прави чуда! Колку и да сме погодени од актуелната ситуација и да се чувствуваме како во „домашен притвор“, сепак изолацијата има дефинитивно и добри страни. Она што можеби недостасува се некои работи кои не се прават дома, или барем за нив треба посебни услови.
Така, многумина, особено дамите на македонската естрада линијата за добар изглед ја одржуваат во теретана, па речиси да немаше ден да не споделат некоја од своиет пози и видеа за време на вежбањето. Сега теретана нема, но не и вежбање. Впрочем, се вежбало и кога теретаните не постоеле, па додека се дома, естрадните ѕвезди мораат некако да се снаоѓаат.
Изгледа дека меѓу оние на кои физичката активност најмногу им недостасува е фолкерката Тања Јовановска Трајкова. Атрактивната кумановка очигледно не може ако не се размрда и ако не потроши енерегија. Сега нема настапи, по тераси и балкони уште не сме се договориле дали и што ќе пееме, па за да не и „зовријат хормоните“ Тања реши да најде начин како да го потроши вишокот енергија.
Неколку практични препораки и совети од личниот тренер и она што го запаметила од теретаната и Тања дневната соба си ја претвори во вежбална. И тоа најдобро и оди навечер, пред спиење.
Пејачката легната на грб јавно ги повика своите следбеници на Инстаграм да вежбаат заедно, па тргна од првата вежба: високо кренати нозе горе… Со или без перниче в раце… а Бога ми и меѓу нозе!
Штом ја изработи првата вежба, Тања се пожели дека и недостига физичка активност, па тргна да покаже што умее и во втората: со крената задница и широко раширени нозе на кои отпор им пружа затегнатата гумичка, фолкерката со препорака дека најдобро е физички да сте активни навечер.
Подобро да трошиш вежбајќи, отколку да акумулираш калории нешто грицкајќи… – тврди Тања. Освен ако не „грицкаш“ нечие нешто, додека заедно ги трошите калориите, „празнејќи се“… од негативната енергија, секако!
Следната вежба има и рзлична стартна поза… Калекната на колена со рацете на земја, подигната задница и уште повисоко кренати нозе… Една, па друга, највисоко што можеш. И како што вели пејачката може да се практикува со или без да се користи „гумичка“! Иако нејзе и е позабавно и поефективно, кога „гумичката“ – ја има!
Веднаш потоа нова вежба – нова поза: Клекни стани… И така 100 пати! Тања вели дека може! А како и не би, кога уште веднаш се гледа дека е „спремна женска“!
И за крај… „Ова мие последната вежба која ја снимав, ама не и последна од вечерното вежбање“ – пишува згодната кумановка додека легната, потпрена на лактите и ножните прсти се врти, местејќи се те на левиот, те на десниот бок.
На Тања Јовановска Трајкова дефинитивно и фали физичка активност. Затоа и се впуштила во рекреација во изолација, па дневната си ја претворила во вежбална, пред да замине под туш, па во спална!
Единствено нејасно е она што самата последно го кажа: дека ова не и е последна „вежба“ од вечерното „вежбање“! Дали тоа значи: „Ви кажувам народе, сети се мажу“, па „шоуто мора да пролжи“ од вежбална во спална!?
Впрочем, пејачката човекот уште пред неколку години јавно го стави во искушение: „Ако најде подобра од мене, нека ме изневери“! Е, ај после оди па не вежбај, да те видам!?