Радио Милева
љубов во облаците

Тања Савиќ ужива во врската со 11 години помладиот пилот кој изведе специјален лет само за неа (фото)

Тања Савиќ ужива во врската со 11 години помладиот пилот кој изведе специјален лет само за неа (фото)
фото: инстаграм/ тања савиќ

Пејачката Тања Савиќ веќе извесно време е во врска со пилотот Муки Бешиќ.

Двајцата често објавуваат видеа и фотографии на своите социјални мрежи на кои може да се види како поминуваат време заедно.

Така овој пат биле на работното место на Муки, односно во пилотската кабина од авионот.

Да потсетиме, Муки е 11 години помлад од Тања, која неодамна проговори за нивната врска.

„Не можам да ја сокријам мојата среќа. Се криевме некое време и беше многу тешко и стресно. Не можам да и откријам на јавноста колку сме навистина заедно. Не сум глупава жена да ставам некои работи во етерот и да му покажам на партнерот дека не сум сигурна во тоа после се што ми се случи. Јас сум многу внимателна и само кога сум 100 проценти сигурна за нешто што го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и малку да се информира за мојот живот“, изјави Тања.

фото:Instagram printskrin

Останати вести од Радио Милева