Пејачката Тања Савиќ веќе неколку месеци ужива со љубовта со Мухамед Муки Бешиќ, 11 години помладиот пилот, а сега првпат проговори за врската со него.
– Не можам да ја сокријам среќата. Се криевме некое време и беше многу тешко и стресно. Не можам да и откријам на јавноста колку сме навистина заедно. Не сум глупава жена да ставам некои работи во етерот и да му покажам на партнерот дека не сум сигурна во тоа после се’ што ми се случи. Јас сум многу внимателна и само кога сум 100 проценти сигурна за нешто го објавувам. Мојата публика заслужува да биде среќна и да знае малку за мојот живот. Приоритет е децата да бидат добро, а среќата на моите деца ми е најважна. Многу се грижам за нивните чувства, тие се на чувствителна возраст. Не можам да им предизвикам никаков стрес. Мислам дека треба да се најде начин тоа да се случи во вистинско време. На децата треба да им се објасни дека мама и тато не можат да бидат заедно. Навистина ги ценам семејните вредности и децата ми се на прво место – вели Тања и открива како се запознале со Муки, но и дали е вистина дека тој се верил со неа и дека наскоро ќе се венчаат.
View this post on Instagram
– Да, тој е пилот и 11 години помлад. Чест е да се придобие ваква жена која поминала низ се што поминала. Не можам да„ паднам“ на не знам какви приказни и не ме интересираат убавина, моќ и пари. Она на што „паѓам“ се само емоции и тоа шесто сетило кое не води, сите го имаме и треба да го користиме. Баш ме интересираше како размислува и дека не користи алкохол или некои недозволени супстанци. Се сретнавме во авионот, тој ме возеше мене и мојот тим. Не чекаше на дел каде што тој дел е за приватни летови. Се плашев како ќе го издржам сето тоа. Јас седнав позади, мојот менаџер седна позади. Тоа е мал авион за приватни летови, па добро го погледнав, сите бевме таму. Летавме за Чикаго. После тоа, почнаа некои преписки. Тоа што е помлад значи дека е посладок. Во него препознав некоја сериозност, не е дете. Годините воопшто не ми пречат. Понекогаш се чувствувам како да сум помлада од него, учам многу од него. Не добив прстен, не е овој прстен, се надевам дека ќе добијам. Не сум свршена, тоа не е точно. Се шегувавме. Овој прстен ми е драг, но не е веренички. Не сум луда да се омажам толку брзо, можеби некогаш. Би сакал да имам повеќе деца. Се додека сме живи и здрави и се е како што треба и Господ ќе ни даде се што треба да ни даде. Најважно ми е децата да ми се среќни – вели пејачката и открива дали е вистина дека семејствата се против нивната врска.
View this post on Instagram
-Не му пречи мојата популарност, гледа дека си ја сакам работата и фала му на Бога што сето тоа го чувствувам, дека некој искрено и од срце ме поддржува и сака – изјави Тања за „Премиер викенд специјал“.
фото: Instagram printskrin