Конечно е откриена новата љубов на Тања Савиќ и се чини дека пејачката е во посериозна врска, како и дека нејзиното ново момче планира да се ожени со неа и покрај тоа што таа сѐ уште официјално не е разведена. Според медиумите, Тања веќе три месеци е во сериозна врска со бизнисмен од Смедерево кој е лудо вљубен во неа. Тој ги прифатил синовите на Тања, Максим и Ѓорѓе, додека и самиот има дете од претходниот брак.
– Иако ужива во новата врска, Тања сепак ја крие новата љубов како змиски нозе:
– Тања не сака да зборува за своето момче и за нејзиниот љубовен живот воопшто. Таа пред три месеци започна врска со бизнисмен од Смедерево, кого нејзините пријатели го нарекуваат Лола. Пред една година се разведе, има ќерка тинејџерка и неодамна ја запозна Тања. Тој и посветува многу внимание, но и разбирање. Тој се сретнал и со семејството на Тања, кои се воодушевени од него. Има 40 години, и навистина се заљубил во Тања и сака да изгради нешто сериозно со неа. Двајцата се познаваат повеќе од десет години, но никогаш немале близок контакт. Кога се запознале, контактирале и тоа било до пред три месеци – вели изворот.
Пејачката веројатно крие дека е во сериозна врска бидејќи сѐ уште официјално не се разведе од сопругот Душан Јованчевиќ, а новото момче и го претстави на пријателите.
Тања неодамна зборуваше на тема развод и иако поднесе барање, процесот сѐ уште не е завршен. Таа призна дека е во лоши односи и ги советуваше сите како да стават крај на такво нешто:
– Убаво, излегуваш од таа врска и проблемот е решен. Тоа не е љубов, тоа е контрола, а кој друг може да живее под туѓа контрола? Тоа не е живот – напиша Савиќ, и додаде:
– Имате разни видеа на Јутјуб на таа тема. Ми помогна една докторка, која зборуваше за проблемите во врските и бракот – искрено одговорила Тања.
Фото: Принтскрин/ А. Ј.Циле