Радио Милева романтично

Тања Савиќ и Муки планираат венчавка во Лас Вегас, а потоа веселба во Србија и преселба во Америка (фото) 

Тања Савиќ и Муки планираат венчавка во Лас Вегас, а потоа веселба во Србија и преселба во Америка (фото) 

Пејачката Тања Савиќ веќе извесно време е во врска со 11 години помладиот Мухамед Муки Бешиќ.

Како што изјави за „Курир.рс“ извор близок до парот, тие планираат да се венчаат веднаш штом пејачката и официјално се разведе од Душан Јованчевиќ со кој има синови. Според понатамошните извештаи, Тања и Муки планираат да се венчаат во Лас Вегас, а на церемонијата ќе присуствуваат само кумовите.

Дури по венчавката, наводно, планираат да ги известат своите семејства за чинот.

По венчавката планираат да останат во Америка, но Тања сѐ уште не е сигурна дали трајно ќе се преселат таму или тоа ќе биде само неколку месеци.

Според изворите на споменатиот медиум, Мухамед со години живее и работи во Америка, а Савиќ ја убедувал дека таму би им било поубаво, и би можеле да се школуваат и нејзините деца.

Но, свесна е дека ова ќе и биде крај на кариерата, а веќе еднаш помина низ слична ситуација кога со Душан се пресели во Австралија.

Пејачката последниве години се врати на сцената и не и е лесно повторно да остави се, изјави изворот.

Тие наводно планираат венчавка во Србија следната година, а се надеваат дека дотогаш целата ситуација околу нивната врска ќе се смири, со оглед на тоа што родителите на пејачката не ја поддржуваат оваа врска, наводно поради разликата во годините и различните вери.

Мајката на Тања неодамна проговори за медиумите и изјави дека не би сакала нејзината ќерка повторно да се омажи, што наводно многу ја погодило Тања. Пејачката засега не објави ништо за овие наводи.

Фото: Принтскрин/Ата Имаџес

To top