Пејачката Тања Савиќ наводно решила да премине во ислам поради нејзиниот свршеник Муки Бешлиќ, пилот кој живее во Америка и е 11 години помлад од неа.
Поради него решила да ја смени верата, како што пишува Скандал, па според исламските обичаи ќе се омажи за својот избраник.
Кога тоа го слушнала нејзината мајка, целосно ги изгубила нервите, а се зборува дека ја исфрлила Тања од дома, и дека повеќе не сака да слушне со неа.
Бидејќи Тања се уште официјално не е разведена, пејачката за време на бракоразводната постапка размислувала да премине во ислам, за да нема проблем да се омажи за Муки. Таа заедно со децата ќе се пресели во Америка и ќе добие документи поради брак со Бешлиќ.
Се коментира и дека неговите родители не се најсреќни поради неговиот избор, а во се се вмешал и сопругот на Тања, Душан Јованчевиќ, кој не сака да и даде развод на пејачката и веста дека неговата сопруга се верила – не ја прифати добро.
фото:Инстаграм принтскрин