Младата пејачка Тамара Волческа ја промовираше својата прва песна и спот на македонски јазик. Емотивната балада е насловена како „Место од спомени“, за која стиховите ги напишала самата Тамара, додека музиката е на Весна Малинова, а аранжманот на Дарко Тасев. Миксот и мастерингот ги изработил Дејан Момироски во неговото ХЛ студио.
Песната на Тамара не враќа во детство, во времето на безгрижност, смеа, игра, насмевки, кога најмногу ја чувствуваме топлината на нашите најблиски, ги остваруваме првите социјални контакти со, ги стекнуваме првите другари… Стихови кои како низ времеплов од спомени не водат во најубавите денови.
Емотивното видео само ја надополнува и комплетира звучната слика, на песната која наиде на многу позитивни коментари за пејачката. Него го изработил Петар Тутунџиев, па иако се работи за нискобуџетен спот, кадрите совршено соодветсвуваат со приказната од песната визуелигирајќи ги стиховите на ситата.
Како сето ова звучи и изгледа, проследете во продолжение од видеото на Тамара и нејзиното „Место од спомени“ .