Промотер

Тамара Волческа дебитира на сцената со – „Do you remember” (ВИДЕО)

Тамара Волческа дебитира на сцената со – „Do you remember” (ВИДЕО)

Во неделата, на 20.02.2022, во 20ч. на Јутјуб каналот на 24-годишната пејачка Тамара Волческа беше премиерно прикажано видеото на нејзината дебитантска песна “Do you remember”.

На неа како автори се потпишува самата пејачка, додека нејзин ментор и продуцент се јавува  Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов, кој воедно  стои и зад музичката продукција, миксот и мастерингот направени во „Devil’s eye studio.

„Текстот беше напишан во убав период од мојот живот, едноставна емоција создадена за други времиња и после краток период го прифатив и како дело и чувства кои ги доживував. Кога ќе направам времеплов, денес ја доживувам многу поразлично и токму во тоа се крие пораката преку спотот што го направивме“ – вели Волческа, која како што веќе споменавме е и автор на стиховите на песната.

Зад видеото одново стои самата пејачка заедно со  Александар Нешкоски, во кој, како танчерка се појавува сестрата на Тамара – Теодора Волческа, заедно со Александра Иванова, Роберта Петроска, Јелена Ѓиноска и Марија Лазарова.

„Снимањето на спотот… Тоа е вистински ден за прераскажување. Јануари, без греење, се тресеа вилици и колена, секој со своите улоги трча наваму-натаму, желби за перфекција, смеење, one shot сцена со боја на која мислам дека сите бевме со возбудени милиони сетила и концентрација, за на крај да ги избојам со гушкање. Беше лудо, ќе го паметам цел живот“, раскажува Тамара за која останале запаметени авантурите што ги доживеала за време на снимањето на спотот во Културниот дом во Гостивар.

To top