Радио Милева на распит

Тамара Тодевска за претрпениот страв и последиците од несреќата што се уште траат: „Имав 20 конци на главата“ (фото)

Тамара Тодевска за претрпениот страв и последиците од несреќата што се уште траат: „Имав 20 конци на главата“ (фото)

Тамара Тодевска периодов е како нејзиното музичко тотнадо. Летово помалку одмораше, а повеќе работеше, така што публиката се почесто има можност да ја слуша и гледа и на отворена сцена.

Пред неколку дека пееше пред кумановската публика која ја пофали како најдобра, а потоа следеше и настапот пред беровчани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Набиена агенда со обврски, професионални и приватни, но Тамара успева да најде време за се’ па дури и за одговарање прашања за следбениците на Инстаграм.

Прашалници за разни нешта поврзани со нејзината краиера и приватност имаше доста, а таа ги селектираше оние за кои сметаше дека може да излезат јавно.

Муабети секогаш кружат разно- разни, па овие Инстаграм интервјуа на некој начин и беа како добредојдени да се решат дилемите и за тоа дали некој и останал должен за настап.

Кратко и јасно, за Тамара некој таков се уште не се родил.

Оние пак што ја доживуваат како борбена личност со топло срце, прашаа од каде е изворот за таквите одлики?

-Животот, искуството,грешките, успесите… Се’ е комбинација од тоа што поминало и тоа што доаѓа. Но и ген, а и карактер секако – гласеше нејзиното резиме за тоа како таа се доживува.

Меѓудругото, меѓу прашањата намерно или случајно стоеше и она дали знае да води мотор и која марка и е омилена?

Не е првпат Тамара да каже дека пред многу години доживела несреќа од која тогаш завршила со 20 конци на главата, но последиците траат и денес.

-Имав немила случка на мотор далечната 97- ма со последици 20 конци на главата. Од тогаш немам седнато ни друг да ме вози. Но, ако треба да одберам тоа би бил „Triumph Bonneville bober“.

Редоследот прашање одговор траеше долго на „стори“, а Тамара ги испочитува сите оние кои сакаа да знаат нешто повеќе за тоа што било или допрва треба да биде.

фото:Instagram printskrin/Tamara Todevska

To top