За Тамара Тодевска сите добро знаеме дека е еден од најдобрите вокали во земјава. Реализирана жена, посветена на кариерата, децата, на себе…
Она што и прави задоволство секако е љубовта кон музиката без која не може да и минува секојдневието и животот воопшто.
View this post on Instagram
Познато е дека неколку години наназад стана страствен вљубеник во вежбањето, ги намали килограмите, од неодамна почна да прави и музика, сака вечерни излегува со друштво, наедно, секогаш немирна ко ветер, со темпераментен дух каков што имаат астролошките близнаци како неа.
Токму близнаците, знаат да изненадат со нешто за кое на крај памет нема да ти падне, а тоа секогаш да биде изведено до перфекција, како во случајов.
Имено, Тамара деновиве со или без повод засука ракави во кујната и подготви полна трпеза за пријателките и саканиот, а за истото се пофали самата преку социјалните мрежи, а секако ја пофалија и оние што се насладуваа од богатото мени.
Од разни видови на салати, сирења, месо, апетисани, ајварче од Драчево кое го превеше со тато Велко неодамна, се’ на се’ гозба за мерак приготвена и сервирана како во ресторан од вештите раце на домаќинката Тамара Тодевска.
Со ова се покажа и пред Лука, а за пријателките веруваме дека веќе знаеја колку им е вешта и вредна пријателката.
Епа, алал вера шефице!