Радио Милева Јога тренд

Тамара Тодевска повлече нога: Кој како влезе во студио кај Билбилов наместо да пее, завршува на јога (фото)

Тамара Тодевска повлече нога: Кој како влезе во студио кај Билбилов наместо да пее, завршува на јога (фото)

Заради стресното време во кое живееме, сите бараме некој издувен вентил низ кој ке го канализираме тој стрес и со тоа ке си го подобриме квалитетот на живот. Бидејки велат во здраво тело здрав дух многумина од нас, вентилот го пронаоѓаме во најразлични спортски активности.

Сите сме наклонети кон една или друга активност но, за јогата велат дека е активност која треба и може сите да ја практикуваат без разлика на возраста и физичката подготвеност.

Прозорецот кон животот на познатите – Инстаграм, деновиве доста активно покажува дека оваа активност станува се’поприменувана во кругот на позантите, а за тоа е заслужна новата девојка на Роберт Билбилов, јога инструкторката Лејла Рамнковка.

Музичкото студио на нејзиниот сакан е местото каде доаѓа музичката фела, таа често е таму, па вака или така низ муабет, секако доаѓа ред и јогата.

Па така, Тамара Тодевска лежерно опуштена реши да влезе во тој јога штос, а се пофали и на „стори“, седната во јога поза, веројатно по упатства на учителката.

Секако, меѓу оние кои се пробаа е и Роберт за кој оваа јога пракса веќе е дел од неговиот живот откако во истиот му влезе саканата Лејла.

Во студиото на Билбилов доаѓаат доста музички имиња, па попратно со музиката, совршено се дополнува и јогата за подобра инспирација.

Дека јогата е дел од животниот стил, па и кога Лејла не вмешала прсти, покажа и актерката Ана Стојановска вежбајќи дома за дополнително опуштање на врнежливиот ден. А дека веќе е искусна докажува позата која успеа да ја направи со леснотија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Stojanovska (@anchi.stojanovska)

Кој повеќе, кој помалку искусен, но заеднички им е обидот со ментална и физичка релаксација за подобро здравје, сосема оправдано и вредно да се проба и примени.

фото:Инстаграм принтскрин/Фејсбук/Лејла Рамковска

To top