По макенката Катарина Ивановска, во Јутјуб емисијата на авторот и водител Никола Трпковски, гостуваше пејачката Тамара Тодевска.
Како и за претходните гости, така и за неа очекувано имаше жешко прашање за кое таа беше подготвена штом одлучи да седне на „жешкото столче“.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/manekenkata-od-zeshkoto-stolche-gi-podgrea-muabetite-dali-katarina-ivanovska-i-pero-antikj-se-vo-ljuovna-vrska-video/
На почетокот од разговорот Тамара откри дека подготвува нова песна во студиото на композиторот и продуцент Лазар Цетковски, а исто така дека почнала соработка со „Два бона“ која моментално е стопирана поради подготовка на нивниот албум.
Меѓудругото, Тамара откри дека е талентирана во цртење, а Хана и Дарен биле уметнични надарени на мама.
Имаше прашања за тоа каква домаќинка е, за бракот, ноќните излегувања и сл.
Исто така таа кажа и дека „Тажна љубов, среќна песна“ и е досадена и не сака да ја пее, а исто и дека „Пукни зоро“ и е омилена од народните.
Жешкото прашање беше дали има некој од естрадата што не го може на што одговори:
Постои…има луѓе што не можам да ги гледам и тоа од скоро време, директна беша Тамара, но резервирана за да открие за кого станува збор.
Во продолжение од видеото погледнте го целото интервју: