Најважната улога која пејачката Тамара Тодевска ја има во својот живот е мајчинството.
Како мајка на две деца со нивното растење станува се поискусна за се’ она што ќе и го донесе најтешката, но и најубавата животна улога за една жена. За мајката нејзините чеда се се’ на светот, таа е онаа што би требало да ги познава најдобро, да им помогне да застанат на нозе додека растат, да воспитува и да ги изведува на вистинскиот пат, бидејќи токму таа заедно со таткото се моделот по кој тие се градат.
А тоа, и повеќе од јасно е дека не е нималку лесно. Секоја реализирана мајка често ги преиспитува своите постапки и се прашува дали го прави вистинското во дадени ситуации.
Тамара како мајка на две дечиња веќе добро ја научила и сфатила лекцијата за коа каде се крие клучот за доброто родителство. Таа пребарувајќи на интернет се пронајде во една стара теорија која сметаше дека вреди да ја сподели и за другите да видат или согледаат, а истата секако се учи во теoрија, но најмногу во пракса.
-И после неколку векови усовршување, теорија и наука за родителството и понатаму важи старото правило… Добра мама е мама на која и е добро…
Тамара констатираше дека е уверена во ова и во пракса, а дека е растена и одгледана и самата така, покажа со тоа што ја означи и нејзината мама Брана.
Јасно како ден е дека деца не се растат и воспитуваат лесно, а како додаток на ова теорија сигурно треба да стои и трпението кое се надополнува како неизоставен дел од она што би требало да го воспостави балансот.
Се’ на се’, во случајов за Хана и Дарен мама Тамара е најдобрата и најубавата мајка, а за за неа тие се најубавите деца на мама.
Исполнето и забавно, се разбира со по некое незадоволство за кое вака или така ќе се најде компромис, а кога децата се среќни и задоволни, мама е уште посреќна и така се во круг!
фото:Instagram printscreen/ tamaratodevska