Новата љубов на пејачката Тамара Тодевска, архитектот Лука Радовиќ е топ тема во домашните медиуми откако таа интензивно почна да објавува заеднички фотографии на Инстаграм.
Тамара веќе нема намера да крие дека по крајот на бракот со Александар Димитровски реши повторно да и даде шанса на љубовта.
Тамара е решена да оди напред, со нова енергија, позитивни љубовни вибрации, спокој и исполнети моменти со најблиските.
Дека и е убаво со промените кои и се случуваат приватно и професионално е евидентно. Успешно жонглира со обврските, а саканиот Лука сега е нејзин поттик и создавач на емотивно торнадо кое го живее.
Промените планирано или непланирано се лепат една за друга, па откако ја создаде музиката и текстот за „Нијагара“, а подоцна и на „Торнадо“, Тамара веќе е сигурна што сака – да твори и создава нови музички дела под наплив на инспирација кој извира од неа.
За да си олесни во работата, таа реши да се поднови со пакет од аудио карта, микрофон и слушалки кои ќе и олеснат во создавањето нова музика, а ќе и биде од помош и да држи кондиција за пеење по дома.
Насмеана од уво до уво, Тамара се пофали за алатката која ќе и биде стимул за професинално да чекори по патот на создавењето музичка уметност за што докажа дека е и повеќе од одлична.
фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска