Радио Милева гази на сигурно

Тамара Тодевска ги откри мотивирачките особини кои ја прават цела и говорат за нејзините дела (фото)

Тамара Тодевска ги откри мотивирачките особини кои ја прават цела и говорат за нејзините дела (фото)

Македонската пејачката Тамара Тодевска која на почетокот на овој месец го прослави 38-от роденден, е реализирана и среќна жена. Таа во животот обожава предизвици и нови искувства, а само така се стекнуваат и новите животните лекции.

Тамара низ годините изградила свои ставови и убедувања и знае дека за било каков личен успех потребни се неколку работи …

Таа редовно на социјалните мрежи објавува густи сториња бидејќи е доста активна и ѝ се случуваат постојано новитети кои  обожава да ги сподели со нејзините следбеници.

Овој пат меѓу нив на нејзиниот „Инстаграм“ профил се најде и едно на кое неа ја нема, но со кое таа сакаше да покаже со што пејачката се согласува, што почитува и кон што се придржува во животот.

Едноставно ништо не е без причина и без добра организација на себе си па така позади нејзините успеси стојат и правила кои таа верно ги почитува. А сега и несебично ги сподели со сите.

„Сонувај, Работи, Верувај, Освој, Заблагодари се, Обиди се“ – се работите кои ја мотивираат македонската пејачка Тамара Тодевска.

Навиките се стекнуваат само преку добра мотивација, а токму тоа и пејачката сакаше да го покаже. Тешко е да се успее без сон, без верба, без благодарност, без да се обидеме, а резултатот сам ќе си дојде откако ќе си поставиме цел, успехот е загарантиран.

На врвот кај неа секогаш се нејзините две деца Хана и Дарен кои веруваме дека ги мотивира на истиот начин, а во  музиката е успешна токму поради овие мотивирачки особини.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тамара Тодевска

 

 

To top