Младата битолска актерка и пејачка Тамара Стојковска има нова песна. Тамара има 22 години и ги завршува студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот за музичка теорија и педагогија. Со пеење се занимава од 7 годишна возраст, а освен со музика се занимава и со глума во театарот Дел Арте во Битола.
По соработката со бендот „Страна Б“ членувањето во хорот ,,Про Арс”, Тамара реши да ја турка и својата соло кариера као пејачка, па како резултат на таа нејзина амбиција е и новата песна насловена „Кажи нешто ново“.
Автор на музиката и аранжманот на песната која овој пат е во фрок-фанки стил, како и на нејзината дебитантска песна „Друга ѕвезда“ е композиторот Давор Нечак, додека стиховите овој пат ги потпишува младата македонска писателка и текстописец, Касенија Николова.
За новата песна Тамара сними и видео, кое за разлика од театарската поставка на мината песна овој пат е снимено надвор, во екстериерни услови и е дело на Дарко Лековски и „Third Eye Production“.
Како звучи кога Тамара Стојковска има да ви порача „да кажете нешто ново“ слушнете и погледнете во продолжение: