Откако стана сопруга и мајка, пејачката Тамара Тодевска успешно „жонглира“ со сите обврски кои и ги носи семејниот животот, а тоа не ја спречува да биде посветена и на кариерата.
Изминатиот продолжен викенд, Тамара, сопругот Александар и малата Хана заминаа во потоплата Гевгелија, родниот крај на Мачка, а таму уживаа во сонцето и играта во семејниот двор.

Додека Мачка се забавуваше со Хана, Тамара реши да се фати за работа и да и помогне на свекрвата. Па така, како вистинска домаќинка среде двор, зема да мие зеленчук и да ги покажа своите домаќински вештини.
Тоа не заобиколи да го покаже и на социјалните мрежи и самата да се пофали дека била вредна домаќинка.

Некогаш беше позната како голема спанка, но сега е предана мајка, сопруга, па и вредна снаа која ја бидува за се!