Пејачката Тамара Милутиновиќ му приреди роденденско изненадување на своето момче фудбалер Дарко Јевтиќ, а тој тогаш одлучи да ја запроси.
Имено, Тамара едвај успеа да ги задржи солзите кога нејзиниот партнер клекна пред неа додека се служеше роденденската торта.
Тамара тогаш неколку пати му рече „да“, а овој пат ги сумираше впечатоците и зборуваше за венчавката.
– Не можам да ја опишам мојата среќа. Сакав тоа да биде специјалната ноќ на Дарко, а тој успеа да ја направи моја. Пресреќна сум, но сепак сè уште не ми паѓа на памет дека сме свршени. Тој е љубовта на мојот живот, човек кој ме прави среќна секој ден и навистина сум благодарна што го имам покрај себе – изјавила пејачката за „Ало“ и додала:
– Морам да го „прославам“ прстенот како што треба, а потоа ќе почнам да размислувам за бурмата. Не би имале проблем утре да се венчаме на остров, но одиме чекор по чекор. Нема сомнеж дека ќе правиме забава, кога ќе дојде време за тоа нашата свадба ќе трае три дена – заклучила Милутиновиќ
Фото: Принтскрин/Инстаграм