Македонската поп ѕвезда Тамара Тодевска на Јутуб каналот на „Урбан Рекордс“ ја промовираше новата песна и видеозаписот за неа, насловени “Порок”. До соработка ќе дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на веројатно најурбаната продукциска куќа во Македонија.
Песната е во препознатлив поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжманот исто така заеднички го направиле Лазар Цветковски и Тамара, додека миксот и мастерингот ги изработил самиот Лазар Цветковски.
Спотот го изработиле Били Д. и Гордан Божиновски. Во него како се појавува и моделот Иман Тотиќ, како и орелот Милица.
Видеото е снимано во студиски услови во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижил Игор Марков.
Оваа е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела и музичките и модните трендови.
Во продолжение проследете го новиот видеозапис за “Порок “, која навистина изгледа изгледа светски…