Радио Милева

Тамара и свекрвата ги здружија силите за роденденот на Хана – резултатот соврешен (фото)

Тамара и свекрвата ги здружија силите за роденденот на Хана – резултатот соврешен (фото)
фото:тамара тодевска/инсатграм

Пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сопруг Александар, заедно со децата, деновиве ги минуваат во Гевгелија, неговиот роден крај.

Додека се таму, се погоди роденденот на нивната наследничка, малата Хана која наполни 4 години.

Сите знаеме колку децата се радуваат на родендените и забавите по тој повод, а бидејќи е време на рестриктивни мерки поради коронавирусот, Хана имаше мал карантински роденден во големиот двор во Гевгелија.

фото:тамара тодевска/инсатграм

-Роденден, мала карантинска забава #4 п. с. Тортата ја правевме свекрва ми и јас, само да знаете, напиша Тамара која откако пред неколку дена ја направи својата прва торта, сега заедно со здружени сили со свекрвата -едноставно се надмина.

фото:тамара тодевска/инсатграм

Розовата торта беше украсена со ликовите на сестрите од популарната анимација „Снежното кралство“, Елза и Ана, а очигледно ти е се оимилените на славеничката која позираше во сино фустанече како на Елза.

Честитките со роденденски желби за Хана се редеа до недоглед, а како изгледаше оваа мала домашна роденденска забава, погледнете во продолжение:

фото:тамара тодевска/инсатграм

фото:тамара тодевска/инсатграм

 

Останати вести од Радио Милева