Иако не живеат во иста земја и ги делат околу 500 километри преку граница, сестрите пејачки Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ гледаат што повеќе да бидат заедно.
Тијана е почесто во Скопје, а сега од една фотографија која ја објави Тамара и се направи хаос во мозокот. Имено, таа помисли дека е во Скопје и дека наместо Тамара се гледа себеси на фотографијата.
View this post on Instagram
Тамара на својот профил на Инстаграм објави фотографија каде е во друштво на годинешната македонска претставничка на Евровизија во Романија, Андреа.
Со објавата Тамара сакаше да нагласи дека ја поддржува Андреа и дека се дружеле заедно во опуштена атмосфера во еден скопски бар.
Тамара облечена во спортско издание, заедно со своето куче ги објави овие моменти, а во коментарите се издвои оној на Тијана.
-Во еден момент помислив, од кај ја со оваа капа, и кога сум се сликала во Радиобар, коментираше Тијана.
Очигледно дека Тијана се помеша самата со сестра си, поради ставот, гардеробата или пак едноставно желбата да биде во Скопје. Сепак, крвта не е вода, така што воопшто не е изненадувачко и да помисли така, бидејќи Тамара со овој лежерен стајлинг, а и новата скратена фризура, навистина на прв поглед потсетува на својата постара сестра.
фото:инстаграм/тамара тодевка/тијана дапчевиќ