Српската старлета Тамара Ѓуриќ за првпат се појави пред малите екрани по операцијата која ја вознемири јавноста, а ја имаше пред неколку дена, велејќи дека сега докторите и го вратиле лицето од пред неколку години и изгледа помладо.
Имено, таа во емисијата кај Огнен Амиџиќ признала дека конечно е задоволна од својот изглед.
-За сега сум задоволна, кога нема да бидам ќе ви кажам, изјавила таа.
Огнен констатираше дека се забележува дека нејзино лице е стеснето и затегнато, но не може да процени кој точно дел и е корегиран.
-Па ми велат дека сум како Аватар и дека сум унаказена, но мене не ми пречи, вели таа.
Таа откри и зошто се одлучила да направи уште една во низата корекции на себе.
-Па и твоето студио лани беше многу убаво, но го промени. Исто и со мене, не си го сменив полот, туку само го затегнав лицето, вели таа.
Додава дека пластичната хирургија е еден вид зависност и дека е нејзин порок.
фото: AmiG Show/Пинк принтскрин