Водителката Тамара Ѓуриќ пред некое време објави радосни вести, а тоа е дека го очекува своето прво дете со свршеникот Никола.
Меѓутоа, како што пишува ало.рс таа го изгубила бебето.
„Тамара не знаеше дека е заразена со коронавирус, на нозе го прележа вирусот и кога го направи тестот на антитела, беше потврдено дека има корона, а потоа прокрвари и го изгуби бебето“ вели извор близок на Ѓуриќ.
По тој повод се огласи за пејачката и за ало.рс ги потврди овие пишувања.
„Точно е дека го изгубив бебето, Бог така сакаше. Ја прележав короната на нозе, а потоа прокрварив. Не сакам повеќе да зборувам на таа тема“, изјави водителката.