Старлетата Тамара Ѓуриќ ги спакува куферите и отпатува на луксузна дестинација, а овој пат отиде со ќерката Тамара.
Старлетата секојдневно објавува видеа на својот Инстаграм профил и покажува како го поминува времето, а така беше и овој пат.
Имено, старлетата поминала сончев ден на плажа, а друштво и правела ќерката. Во видеото кое го објави, малата Тамара во еден момент зеде полна чаша шампањ и наздрави со мајка си.
Старлетата и наполни полна чаша на малата Тамара, додека поранешната учесничка на „Фарма“ го зема шишето и пиеше од него.
Многумина го осудуваат овој нејзин потег, особено поради фактот што наследничка Тамара се роди минатата година и сè уште е мала.
Ѓуриќ цело време се смешкаше додека се снимаше, а коментарите на Инстаграм и Твитер едноставно не престануваа да се нижат.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Тамара Ѓуриќ