Одговарајќи прашања на Инстаграм од своите обожаватели, пејачката Тамара Тодевска неделава откри дека не се чувствува добро и дека има симптоми на коронавирус.
Тогаш го чекаше резултатот од тестирањето кој покажа дека е позитивна.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/ne-sum-dobro-imam-korona-simptomi-tamara-todevska-pozitivna-na-koronavirus/
Според она што го објавува на споменатата социјална мрежа, Тамара веројатно се лекува во домашни услови, а на својот профил откри и од кого можеби се заразила или пак тој се зарзил од неа.

Таа сподели објава на нејзиниот фотограф и пријател, Мартин Трајановски, кој напиша дека можеби Тамара го заразила или тој се заразил од неа, но и двајцата се позитивни.
Јасно е дека короната не бира личности и време. Инаку, пред неколку месеци вирусот ја поштеди Тамара кога нејзиниот сопруг Александар беше заболен од корона, но таа не.