Некогаш важеше за талентирана македонска поп пејачка, која потоа ги заврши студиите по музика во Бугарија, а класичната наобразба како дипломирана оперска певица на „Новиот бугарски универзитет“ и овозможи на Тамара Ангеловска полека да почне да станува позната кај источниот сосед но и кај оној северниот, во Србија.
И тоа не само по оперските изведби и пејачкото умеење, туку и по актерската игра која е еден вид нејзина втора љубов или втора професија.
Имено, симпатичната оперска певица се опроба и како глумица во мегапопуларната бугарска ТВ серија „Украден живот“ која се прикажуваше и кај нас на ТВ Алфа, во која таа ја доби улогата на бремената Тања. По не следуваше улога и во уште едно ново ТВ остварување во Бугарија, ТВ серијата„Браќа“!
Театарските штици што живот значат исто така нема да и останат непозати, зашто тамара уште акко студент ќе игра во неколку претстави како: „12 разгневени жени“, „Се’ за инспирација“, а подоцна на театраската сцена и во претставата „Проблем“. Театарски и оперски настапи во Софија, низ неколку други градови во Бугарија, а потоа и во Србија, во Белград, но и низ Европа… Од Италија до Чешка!
„Ги живеам моите соништа, но сето тоа е резултат на многу љубов и напорна работа“ – ќе изјави Тамара во интервјуто за програмата „Ноќен хоризонт“ на бугарското национално радио .
Креативно „растргната“ помеѓу театарот и операта, помеѓу глумата и оперското пеење, Тамара полека ја гради паралелно својата кариера кон врвна оперска певица и позната актерка, наоѓајќи време да одговори на бројните обврски во двете професии. Она што деновиве ја носи дома, во родната Македонија се нејзините два настапи во Скопје (22.09.2023) и ден подоцна (23.о9.2023) во Тетово.
Приватниот живот младата уметница љубоморно го чува за себе, умешно криејќи го од јавноста. дали има време за љубов и сериозна врска не открила, но со оглед на бројните обврски, ангажмани и патувања, шармантната Тамара едвај наоѓа време и за себе.
Еден од ретките нејзини постови споделени на социјалните мрежи кој не е поврзан со нејзината работа и професија, Тамара објави за крај на летото.
Седната на песочната плажа, во костим во дуксер на риги и сончеви очила, Тамара се сликала на зајдисонце.
Ловејќи ги последните сончеви зраци, убавата македонска оперска певица и актерка која ретко ја гледаме во вакво издание, на себе го сврте сето внимание, па испраќајќи го летото со стил, покажа дека не поседува само талент, туку и неодолив сексапил!
Фото: Инстаграм/tamaraangelovska