Откако помина низ вистинска голгота и напорна борба да ја врати својата линија во нормала по породувањето, Ана Николиќ ужива во животот како што само таа знае и умее.
Претходно, таа се разведе од сопругот, раперот Стефан Ѓуриќ – Раста и се чинеше дека целосно го запостави социјалниот живот, толку многу, што дури не приопирисуваше во кафеана. Сега таа изгледа одлучила сето тоа да го надомести.
Како што јавува српски „Курир“, една вечер Ана го напуштила својот стан на Вождовац нешто по дваесет часот. Возачот ја однел во еден познат белградски ресторан.
Дојшла сама, а наскоро и се придружил и нејзиниот шминкер. Пејачката наводно нарачала вино, кое го пиела цела вечер. Таа била во одлично расположение, но и максимално средена.
Според изворот кој случајно бил на лице место во таа пригода, штом таа зачекорила во ресторанот, на сите гости им го привлекла вниманието. Ресторанот до душа не бил полн, затоа што очигледно се’ уште постои страв од коронавирусот, но и тие малкумина посетители го впериле вниманието кон пејачката и ја измериле од глава до петици.
„Ана седна и пиеше, малку се замези и беше последна што го напушти ресторанот по четири и пол часа! Возачот трпеливо ја чекаше, за потоа да ја одвезе дома“ – потврдил изворот.