Промотер

Тајзи за Богојавление сподели порака каков сака да го види светот – „Сакам“ (ВИДЕО)

Тајзи за Богојавление сподели порака каков сака да го види светот  – „Сакам“ (ВИДЕО)

Драган Величковски попознат по својот прекар Тајзи, повторно има нова песна. Тој за големиот православен празник Богојавление – Водици сподели музичка порака во која раскажа каков сака да го види светот, а песната носи наслов „Сакам“.

„Бог се јави.  Среќен празник браќа и сестри. Мислам дека сега е моментот да ја споделиме оваа порака…Сакам да го видам светот без омраза, маски и беда.Симни се Боже, сега од било кога повеќе ни требаш. Ова е мојата нова песна ‘Сакам’, која како ‘Bella Ciao’, ‘Калимеро’, ‘Иронија’ и уште неколку  наредни ги чувам повеќе од 5 години. Ова е всушност демо снимка, вокалите се снимени во моето домашно студио и сакав да останат такви какви што се, природни без штимање. Битна ми беше емоцијата!!!

Никој не е совршен…Вистината е гола, но каква и да е, поубава од лагата. Никогаш не сум сакал публицитет и слава од она што го работам, затоа многу ретко се појавувам по медиуми.Вака, преку песна ви се обраќам. Должен сум за љубовта што ми ја дававте сите овие години да ви ги пренесам овие пораки. Тоа е мојата мисија. на богати газди да бркнам во џеб, на гладните деца  да им дадеме леб!!! Слава на Бога…Слобода за народот!!!“ – споделил пејачот во својата празнична порака на социјалните мрежи, при промоцијата на „Сакам“.
Музиката и текстот ги напишал самиот Тајзи, додека аранжманот, миксот и мастерингот  ги потпишува Иле Спасев.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by T Y Z E E (@tyzee_tajzi)

„Сакам“ е визуелизирана и со едноставно но доволно ефектно видео кое е снимано на локалитетот „Кокино“, а стиховите провејуваат во спотот кој со тоа станва комбинирано лирик-видео, чија реализација ја потпишува Никола Ставрески.

Како звучи и изгледа музичката порака „Сакам“ на Тајзи во која тој порачува каков би сакал да го види светот, проследете ја во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

To top