Промотер

ТАЈЗИ има нова – „Параноја“ (ВИДЕО)

ТАЈЗИ има нова – „Параноја“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Драган Величковски познат како Тајзи, периодов направи нешто на кое би му подзавиделе и светските ѕвезди – во само две недели промовираше три нови песни:„Мој живот, моја ствар“ – отпеана на српски,  дуетот со Викторија Лоба – „Каде сме ние“,  и најновата тема „Параноја“, која ја промовираше на каналот на продукцијата „Балкатон“ од Србија.

Се работи за песна на македонски јазик и е вистински весел летен хит, кој го продуцираше Александар Иван Миличевиќ, млад и талентиран продуцент кој е роден и работи во Шведска.

Во иднина Тајзи најавува уште соработки со други продуценти од Шведска, зашто во моментов тие важат за едни од најактуелните и најквалитетните  на светската музичка сцена.

Мастерот е на Роберт Билбилов, со кого Тајзи веќе има, а и најави повеќе нови проекти, како и песна на англиски.  Видеото во стилот на „Лудиот Макс“ е во режија на Тајзи и Илија Жоговски, а спотот е снимен на археолошкиот локалитет Кокино, прилепското Мермерно езеро, како и уште неколку други локации низ Македонија.

Од продукцијата „Балкатон“ најавуваат многу настапи низ земјата и регионот и велат дека соработката со  Тајзи е само почеток на нешто поголемо кое следува во иднина.

Во продолжение  погледнете го „Параноја“ – новото видео на Тајзи, во кое главната женска улога ја има ТВ водителката и модел, Николина Славковска.

To top