„Гори“ е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Драган Величковски- Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на српскиот рапер Стефан Ѓуриќ -Раста.
Музиката и текстот се на Тајзи, додека аранжманот и мастерот на познатиот македонски композитор од тетово, Лазар Цветковски.
Спотот е во режија на Даниел Јовески. Интересно е тоа што и за спотот на „Гори“, Тајзи повторно соработуваше со моделот од Штип, попозната како Марис Џолин.
За само два дена од објавувањето на интернет каналот Јутјуб, песната и спотот имаат речсии 100 илјади прегледи.
Погледнете: