Промотер

„Тајно место“ на Тоше Проески каде го наоѓал својот мир (видео)

„Тајно место“ на Тоше Проески каде го наоѓал својот мир (видео)

Во салата ВИП „Борис Трајковски“ на 2 ноември беше одржан хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески.

На концертот неговите колеги од Македонија и регионот ги пееја неговите без временски хитови тргнувајќи од „Лагала нас мала, „Тајно моја“, „Једина“, „Чија си“, „Никој како тебе не бакнува“ се до песните од новиот постхуман албум на Тоше.

На концертот беше промовирана и насловната песна „Secret place“ (“Тајно место“) од новиот необјавен албум на Тоше.

Новиот албум е работен во студиото на  британскиот продуцент  Енди Рајт кој на концертот се обрати и истакна дека доколку работите би биле поинакви Тоше ќе беше голема светска ѕвезда.

Во „Secret place“ се опишува „тајното место“ на Проески кое го имал и каде го наоѓал мирот.

Погледнете го видео записот за песната која ќе ви разбуди многу емоции.