Радио Милева

Тајна чувана 11 години: Саша Поповиќ е заслужен за победата на Душан Свилар во „Ѕвездите на Гранд“? (видео)

Тајна чувана 11 години: Саша Поповиќ е заслужен за победата на Душан Свилар во „Ѕвездите на Гранд“? (видео)

Во 2007 година, Душан Свилар победи во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. На финалната манифестација која се одржа на стадионот „Ташмајдан“, тој ги отпеја хитот на Здравко Чолиќ „Чија е она ѕвезда“.

Гостувајќи во емисијата „Ѕвезде Гранда Специјал“ тој откри зошто одбрал да ја пее токму оваа песна.

„Постои уште една приказна поврзана со изборот на оваа песна. Бевме на турнеја во Црна Гора, Саша Поповиќ не повика на вечера, да ни даде инструкции за финалето, како ќе биде организирано. А потоа ни посочи да одбереме песна која ќе биде ефективна за финалето. И во еден момент кажа: Видите јас на ваше место би ја одбрал „Чија е она ѕвезда“. А бидејќи мене таа песна ми се допаѓа, веднаш пријавив дека ќе ја пеам, изјави Душан.

Погледнете на 37:45

https://youtu.be/76hrUdtezt0

 

To top