Промотер

„Тајфата“ празнично ви (ја) подарува – „Љубов без крај“ (ВИДЕО)

„Тајфата“ празнично ви (ја) подарува – „Љубов без крај“ (ВИДЕО)

Членовите на групата „Тајфата“ ја промовираа новата песна и спотот за неа насловени „Љубов без крај”. Со денешното објавување на истата, тие  им го честитаат празникот 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол и да им подаруваат една убава балада на сите кои се на прагот да запливаат во брачните води.

„Денес премиерно ја објавуваме нашата нова песна „Љубов без крај”. За оваа тема  музиката ја напиша Владимир Богески, стиховите се на  Сара Пројковска, додека аранжманот го направија Владимир Богески и Рубин Димкоски во чие „R music studio“ и е снимена песната.

Видеото го подготви Зоран Пилоски заедно „Фан продакшн”. Токму овој ден го одбравме за промоција како знак на едно мало внимание, една љубовна приказна која сакавме да им ја подариме на припадничките на понежниот пол.

Барем толку сме им должни на нашите фанови со оглед на ситуацијата во која сите се наоѓаме во моментов. Се надеваме на заеднички дружби во многу подобри времиња и поопуштена атмосфера, како што сите ја памтиме.“ – велат членовите на групата.

Премиерно да го погледнете видеото во кое покрај членовите на „Тајфата“ се појавуваат балерината Мила Ниновска, и актерите Ангела Стојковиќ и Илија Волчески, како и специјалниот гостин на гитара Горан Малденовски.

To top