Пејачката Славица Ќуктераш на својот Инстаграм ја сподели тажната вест од нејзиниот дом.
Имено, таа објави дека нејзината баба починала, а со емотивни зборови се прости од неа.
– Нашата последна слика, кога те фатив за рака, те гушнав и ти реков: „Нано, се е ок“. Утрово еден повик ми го смени „ок“. Нано мое, почивај во мир, те сака твојата внука Славица – изјави пејачот со нивната последна фотографија на која ја држи за рака.
Инаку, Ќуктераш неодамна наиде на здравствен проблем, поради што ги откажа сите закажани настапи.
– Како пејачка, најтешкото нешто што може да се случи е да ти се каже: „Не смееш да пееш!“ И не зборувај преку ден, зборувај тивко, само ако треба. Вдишување со кортикостероиди, адреналин, пантенол и разни средства – започна Ќуктераш и додаде:
– Цигари ни случајно (тука се качувам плус 10 кила за месец сигурно). Искрено, ова ми беше најтешко кога вечерва од ОРЛ слушнав дека имам задебелување на гласните жици и дека треба со голема дисциплина да работиме на нивното закрепнување. Потценување е да се каже дека сум тажна, бидејќи ова ми се случува првпат и дека настапите се откажуваат додека целосно не закрепнам – напиша Славица.
Фото: Принтскрин/Инстаграм