Радио Милева

Тага во домот на Пријовиќ поради загубата на драга личност: „Се надевам таму горе ќе ти биде подобро“

Тага во домот на Пријовиќ поради загубата на драга личност: „Се надевам таму горе ќе ти биде подобро“

Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ неодамна заминаа на одмор со нивниот син Александар.

Меѓутоа, нивното уживање ја прекина тажна веста од домот на Александра Пријовиќ.

Имено, почина дедото на пејачката со кој таа беше многу поврзана.

Овие тажни вести, таа ги сподели на својот “Инстаграм“ профил.

„Мој мил дедичко, замина вчера…многу ќе ми недостигаш…не можам да ја опишам тагата и болката…се надевам дека таму горе ќе ти биде подобро и дека ангелите ќе те чуваат.  Те сака твојата внука најмногу на свет, дедичко мој…засекогаш“ напиша Пријовиќ во описот на фотографијата.

фото: Принтскрин/инстаграм/александраживојиновиќ

За потсетување, претходната година кога Пријовиќ правеше свадба, и беше криво што нејзиниот дедо нема да може да присуствува.

To top