Мајката на познатиот актер Силвестер Сталоне, Џеки Сталоне почина на 99 години, пишуваат странските медиуми.
Не се познати деталите за нејзината смрт. Таа е родена како Жаклин Френсис пред 98 години во Вашингтон, а на само 15 години избегала од дома.
Била опседната со вежбање и кревање на тегови, па кога пораснала отворила теретана наменета за жени.
Беше еден од создавачите на телевизиското шоу „ “G.L.O.W., The Gorgeous Girls of Wrestling”, кое се прикажуваше во текот на 80тите, а отсекогаш сакала фитнес и женски натпреварувања.
Сепак, нејзина наголема страст е астрологијата, па напиша книга: „Ѕвездената сила: Астролошки водич за успех“ која е објавена во 1989 и влезе во училишната литература.
Сѐ до смртта вежбаше и често објавувала видеа на својот Инстаграм во кои крева тегови, а честопати истакнуваше дека се чувствува многу младо. Таа сакаше да изгледа што е можно помладо, па направи многубројни пластични операции, кои ѝ го уништија изгледот.