Радио Милева бизарно?

Таа сака природно: Ќерката на Мадона на „Мет Гала“ ги покажа влакната под пазувите (фото)

Таа сака природно: Ќерката на Мадона на „Мет Гала“ ги покажа влакната под пазувите (фото)

Лурдес Леон, ќерката на познатата Мадона се појави на „Мег Гала“ во Њујорк, а на настанот се појави во смело издание.

Иако Мадона не присуствуваше на настанот, затоа беше тука нејзината ќерка која успеа да го привлече вниманието. Таа не го привлече вниманието со својата комбинација туку со влакната под пазувите.

Имено, таа во еден момент ги кренала рацете и ги покажла недепилираните пазуви.

Инаку, таа неодамна се појави на насловната страница на септемвриското издание на „Вог“.

„Луѓето мислат дека сум богаташка без талент на која сè ѝ е дадено, но не сум“, рекла тогаш.

Додала и дека сама си го платила школувањето и дека одлучила да живее далеку од Холивуд.

фото: профимедиа

To top