Пејачката Ферги минатиот петок поднела барање за развод на бракот од актерот Џош Духамел. Ферги наведе дека таа и Џош се разделиле уште во 2017 година, но дури сега дошло до службена постапка за крај на бракот.
-Со апсолутна љубов и почит одлучивме да се разделиме. За да му пружиме на семејството време за адаптација, сакавме ова да го задржиме некое време, гласи соопштението кое двојката го објави до јавноста.
Странските медиуми наведуваат дека се шушка за неверство на Џош, но и дека одлучиле да се разделат бидејќи Ферги не сакала повеќе деца.
Пејачката и актерот врската ја започнаа во 2004 година, која таа и нејзиниот бенд се појавија во епизода од неговата серија „Лас Вегас“. Се свршија во 2007 година, а се венчаа во 2009. Го имаат синот Аксел кој има пет години.