Радио Милева потресена

Таа му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша во тага поради трагично починатиот Немања Вуковиќ (фото)

Таа му беше ментор во „Ѕвездите на Гранд“: Карлеуша во тага поради трагично починатиот Немања Вуковиќ (фото)

Јелена Карлеуша се прости од настраданиот пејач.

Смртта на пејачот Немања Вуковиќ (22), поранешен учесник на „Ѕвезде Гранд“, кој загина во сообраќајна несреќа, ја потресе целата јавност, но и Јелена Карлеуша, која му беше ментор на популарното натпреварување.

„Со голема тага го пишувам ова. Почина Немања, мојот кандидат во „Ѕвезде Гранда“. Неверојатно талентиран, културен, убав, млад… Имаше 18 години во ова видео.


Го избрав затоа што во него чувствував голем потенцијал… Верував во него. Длабоко сочувствувам со болката на неговото семејство и упатувам сочувство. Нека Универзумот ви даде сила да поднесете таква загуба. Почивај во мир Немања… и знам дека енергијата не може да умре. Само ја менува формата и продолжува понатаму…“, напиша Карлеуша на Инстаграм.

фото:Инстаграм принтскрин/Звезде Гранда Јутјуб/ Јелена Карлеуша

To top