Радио Милева

Таа го испеа изворот на љубовта, а тој го наслика: Вака сопругот на Каролина го коментира маестрално дело од ликот на сојата сакана!

Таа го испеа изворот на љубовта, а тој го наслика: Вака сопругот на Каролина го коментира маестрално дело од ликот на сојата сакана!

Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа четвртиот од седумте концерти на промотивниот музички маратон за албумот „Извор“ на Каролина Гочева.

Оние кои си обезбедија карти и непосредно уживаа во емотивната музика, имаа што да споделат и да го опишат своето доживување од концертот, да ја испофалат Каролина како и новите песни кои како по традиција уште за време на промоцијата инстантно стануваат фаворити.

Но, пофалбите и комплиментите не стивнуваат само за одличната вокална изведба на Каролина, музичарите на сцена, авторите на музиката и текст… туку и за нејзиниот сопруг, сликарот Михаил Корубин чија слика доминира на сцената.

За добра ноќ… фала @doubleinfinity.8 ❤

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Токму за неа и тој имаше да го сподели со јавноста своето гледиште, својот извор на љубовта и чувствата, неговата Каролина за која напиша:

-Работа за албумскиот кавер за оваа убава и талентирана жена, која исто така ми стана моја љубов, напиша Михо.

Инаку, преостануваат уште три концерти закажани на истото место на 1-ви,2-ри и 3-ти март.

фото/видео: Instagram karolinagoceva/mihailkorubin

To top