Кралицата на Поп музиката предизвика бројни спротивставени реакции за естетските корекции што ги претрпе.
Мадона често објавува нови фотографии на својот Инстаграм кои се обработени со апликацијата фотошоп и поминати низ различни филтри.
Нејзините обожаватели сега видоа како навистина изгледа музичката ѕвезда кога се појавила пред хотел во Манчестер. Ова е едно од ретките појавувања откако таа поради здравјето заврши во болница, а изгледаше дека е расположена.
Меѓутоа, на многумина им паднало во око нешто сосема друго. Мадона се обидела да го скрие своето потонато лице со големи црни очила за сонце и качулка, што не и успеало баш.
Резултатите од естетската хирургија и затегнување се очигледни, па многумина останаа шокирани од тоа како всушност изгледа пејачката.
„Исусе, што и се случи“, „Нејзините усни и лице изгледаат болно“, „Таа е целосно изобличена“, „Мило ми е што е подобра, но овие фотографии ме растажуваат“, „Онаа на Инстаграм и онаа во живо се два различни света“, се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Мадона