Радио Милева

Таа е тинејџерка и помлада од него 35 години: Лени Кравиц има нова девојка помлада дури и од неговата ќерка (фото)

Таа е тинејџерка и помлада од него 35 години: Лени Кравиц има нова девојка помлада дури и од неговата ќерка (фото)

Отсекогаш важел за најголем заводник меѓу музичарите, а изгледа дека со годините тоа не се менува… Лени Кравиц на списокот жени со кои се забавуваше ги има: Никол Кидман, Ванеса Парадис, Мишел Родригез, Адријана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Мекартни, а може само да се претпостави колкава е бројката и на жените непознати за јавноста.

(Photo by Charley Gallay/Getty Images for dcp)

Не треба да се заборави и актерката Лиса Бонет, единствена која успеа да го однесе пред олтар, а со која ја има и ќерката Зое. Лени и Лиса беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, а и ден денс се во добри односи и се голема поддршка еден на друг. Интересно е дека Лени е одличен пријател и со нејзиниот втор сопруг Џејсон Мом, звездата од серијата „Игри на престолот“.

Но, додека Лиса ја најде вистинска љубов, Лени ни 25 години од разводот не успеа да ја пронајде својата втора половина и дамата на која ќе и се вети на вечна љубов. Лени, кој ја пречекори шестата деценија, сепак никако не мирува кога е љубовта во парашање…

Често ги менува жените, а возбуда нималку не му недостига. Иако изгледаше дека ќе ја официјализира врската со 30 годишната манекенка Барбара Фиало, со која беше од почетокот на годината, без некоја помпа, едноставно ја остави, а сега е виден со друга и тоа тинејџерка!

Daily Mail

Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајми пред неколку дена, а се шпекулира дека е манекенка и има 19 години, нејзиниот идентитет се уште е непознат за јавноста.

FOTO: PROFIMEDIA

Фановите го осудија изборот на пејачот, забележувајќи му што девојката е 10 години помлада и од неговата ќерка.

Daily Mail

Освен тоа, повеќето забележаа и на изгледот на малдата дама од кој не се воодушевени по сите убавици кој ги имаше Кравиц во минатото.

Останати вести од Радио Милева